-
Временска Најава
Под влијание на циклонска активност денес попладне, во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд (над 20 l/m2), проследени со силен ветер (над 70 km/h) и појава на грмежи. Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.
Извор: Управа за хидрометеоролошки рабoти
Прочитај повеќе
-
Исплатени 455.3 милиони денари за над 1770 одгледувачи на овци
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 30 овци кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањата за поддршка и кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач или предале/заклале јагниња во преработувачки капацитети.Висината на финансиската поддршка е 1400 денари по грло овца. По оваа подмерка исплатени се 1771 огледувач на овци со финансиска поддршка во висина од 455.3 милиони денари.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
По трет пат доделен меѓународен ИСО сертификат за управување со квалитет во АХВ
Сертификациското тело Quality Austria по трет пат и го додели меѓународниот сертификат за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство за воспоставениот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот ИСО 9001 : 2015. Сертификатот на АХВ и е доделен по дадените позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело Quality Austria за квалитетот на услугите што ги нуди Агенцијата. Претставници на MQS, на 23 февруари дадоа предлог за продолжување на три години на сертификатот за управување со квалитет на Агенцијата за храна и ветеринарство откако ја проверија функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса. Според директорот на АХВ Николче Бабовски, меѓународниот сертификат за управување со квалитет е од големо значење за Агенцијата особено во пресрет на почетокот на претпристапните преговори за влез во ЕУ.
Извор: Администратор АХВ
Прочитај повеќе
-
Нова Вест
Нова Вест
Извор: Centralen SluzbenikMZSV
Прочитај повеќе
-
Нова вест
/
Извор: Адам Унни
Прочитај повеќе
-
Test
test
Извор: Администратор АХВ
Прочитај повеќе
-
Test Test AKIS
Test Opis AKIS
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
ТЕСТ АХВ АКИС
АКИС ОПИС НОВОСТ
Извор: Агенција за храна и ветеринарство
Прочитај повеќе
-
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
„Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Трипуновски: Со мерки и проекти ги стимулираме младите да инвестираат во земјоделскиот сектор
„Еден од моите приоритети е како да внесеме нова сила и нова енергија во земјоделскиот процес, затоа што само на тој начин ќе обезбедиме предвидливост и одржливост во секторот. Покрај стимулациите и финансиските програми, еден од клучните приоритети е рентабилноста, бидејќи секој млад човек, без разлика дали сака да се занимава со земјоделство или со некоја друга дејност, секогаш гледа дали постои рентабилност. Затоа наш фокус е да обезбедиме рентабилност во земјоделскиот сектор“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во емисијата „Аграр“.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Трипуновски: Зголемен е извозот на земјоделски производи за 5,5 проценти во 2025 споредбено со 2024 година
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр“ истакна дека преку кампањата „Македонско најдобро“ се потенцира важноста на македонските производители на храна и се допринесува кон зголемување на производството на квалитетни земјоделски производи. Со кампањата ќе се поддржи домашната економија, ќе се зачуваат работните места, но истовремено ќе се зајакне и идентитетот.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Трипуновски: Имаме рекордна откупна цена на тутунот
Последната и претпоследната откупна сезона можам да ги оценам како едни од најуспешните досега, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во интервју за емисијата „Аграр“.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
26/12/2025 Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Како заедниците можат да изградат отпорни предели?
Сезоните на пожари на ниво на предел повеќе не се ретки појави; за жал, тие се претворија во повторлива и предвидлива закана што редовно се јавува во одредени периоди од годината во регионот на Западен Балкан.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Остварена средба меѓу министерот Трипуновски и Македонската риболовна федерација
На средбата од страна на претставниците на Македонската риболовна федерација беа презентирани предлози за подобрување на Законот за рибарство и аквакултура. Покрај тоа, се разговараше за изнаоѓање на решение за висината на цената на државната дозвола за рекреативен риболов.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Хоџа: Даваме конкретни решенија за наводнувањето во Гостивар и Врапчиште
Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денес одблизу го следеше почетокот на работите за чистење на каналите за наводнување на повеќе локации во регионот, почнувајќи од селото Дебреше во Гостивар.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Државна дозвола за рекреативен риболов за 2026 година
/
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Министерот Трипуновски на работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одржа работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија, на кој разговараа за предлог програмите за 2026 година.
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
Регистрација во системот
Регистрирајте се како ФАС корисник со доставување на потребните информации на техничката подршка на ФАС.
-
Најавете се на системот
Регистрираните корисници можат да се најавуваат во системот со внесување на своите податоци.
-
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДАВАЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТАТА НА КОРИСТЕЊЕ ПО ПАТ НА КОНЦЕСИЈА ВО ЛОВНИОТ РЕОН КУМАНОВО, КОЧАНИ, КАВАДАРЦИ, ГЕВГЕЛИЈА, БИТОЛА, ОХРИД И КИЧЕВО
Врз основа на член 36 од Законот за ловството ...
Датум: 12.03.2024
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе
-
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНОВАТИВНИ ПРАКТИКИ
Врз oснова на член 101 став (1) од Законот за земјоделство и рурален развој ...
Датум: 12.03.2024
Извор: МЗШВ
Прочитај повеќе